Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/core.php on line 33

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/pro.php on line 39
Повик за понуди: Експерт за Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа

Повик за понуди: Експерт за Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со реализација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Проектот е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка

Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа.

Во рамките на обуката ќе бидат опфатени следниве теми:

  • Вмрежување
  • Застапување
  • Лобирање

За таа цел се распишува повик со Реф. 01/18-4 за Експерт за Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа.Експертот треба да:

Ø  Дима искуство во координирање на мрежи кои опфаќаат широк опсег на партнери (НВО, општини, бизнис сектор и други институции);

Ø  Подготовка на анализи, студии и case studies, кои се однесуваат на промена на политики , правилници, закони и други облици на лобирање;

Ø  Искуство со претставување т.е. застапување  на групи на граѓани, планирање и имплементација на активности за таа цел;

Ø  Знаења од областа на модели за лобирање и ефикасно мобилизирање на ресурсите за таа цел;

Ø  Знаења за областа на вмрежување  и успешно користење на мрежите во остварување на  заедничките цели.

Опис на работата: Од лицето ангажирано за оваа активност се очекува

-          Подготовка на презентација во согласност со темата предвидена за оваа обука (Вмрежување, Застапување, Лобирање),

-          Навремено и уредно извршување на работните задачи предвидени за оваа обука.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Експертот по завршувањето на обуката. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани физички и правни лица потребно е да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица) или
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води работилницата во име на правното лице.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 26.10.2018 година до 16.00 часот на следниотмеил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во просториите на АДОРА, Ул. Иво Рибар Лола бр. 163, 1200 Тетово со назнака за “Повик Реф. Реф. 01/18-4 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 29.10.2018 година.

 

Со почит,
Кочовска Елизабета
Проектен координатор