Повик за учество на завршна конференција на Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”
Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово го имплементираше проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”, финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.
Во рамките на проектот ќе се спроведе Завршна Конференција, на која ќе бидатпренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот, односно ќе се претстават придобивките од формирање на земјоделска задруга, ќе се споделат искуствата од реализираните обуки за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристапот и од обуката за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа. Исто така ќе се пренесат и резултатите од процесот на лобирање за учество на земјоделците во развој на буџетот во општините од Полошкиот регион. Ќе се изнесат препораки, заклучоци и мерки за одржливост на проектот.
Завршната конференцијата ќе се одржи на 12 февруари 2019 година во ресторан Парадокс - Тетово
Ги повикуваме сите лица кои се заинтересирани за присуство на овој настан, да се пријават на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адреса“Иво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo, најдоцна до 08.02.2019 година, до 12:00 часот.
Лицата кои изразиле интерес за присуство ќе бидат дополнително контактирани.
Со почит,
АДОРА - Тетово